Скопје живее со најголемата младинска спортска манифестација во Европа – Плазма Спортските игри за млади (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија официјално стана дел од Плазма Спортските игри за млади – најголемата младинска спортска манифестација во Европа, која за првпат се одржува и во нашава земја, под покровителство на Министерството за спорт а во организација и поддршка на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Вчера на плоштадот Македонија во Скопје и официјално беа отворени Плазма Спортските игри за млади на кои годинава ќе учествуваат повеќе од 27.000 деца , ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе градат вистински спортски вредности.

На отворањето присуствуваа и амбасадорите на игрите од целиот Балкан меѓу кои и Предраг Мијатовиќ, Видиќ, Предраг Даниловиќ но и бројни македонски спортисти. Натпреварувачкиот оган на Игрите го запалија македонските спортисти Дарио Ивановски и Игор Стефановски – Иџе.

„Како Министерство за спорт и како Влада, остануваме посветени на инвестиции во младите, спортот и спортската инфраструктура. Плазма Спортските игри за млади е проект што обединува, мотивира и создава карактер – и затоа сме среќни што Македонија е дел од оваа голема спортска приказна“ – истакна Министерот за спорт, Борко Ристовски.

 

Меѓу партнерите на Игрите е и Пивара Скопје која ја поддржува оваа иницијатива која ги поврзува младите преку спорт, дружење, фер-плеј и тимски дух.

„Во време кога на младите им требаат повеќе можности за дружење, тимски дух и позитивна енергија, спортот останува најдобриот начин да се поврзат и да создадат нешто заедно. Затоа ни е особено драго што Спортските игри за млади за првпта се одржуваат и во Македонија а Пивара Скопје е дел од оваа одлична приказна уште од самиот почеток. Веруваме дека најсилните победи не се само на терен, туку во пријателствата, тимскиот дух и самодовербата што младите ќе ги носат со себе понатаму” – изјави Огњен Лазиќ, Генерален директор на Пивара Скопје.

Се вчитува...