Лионел Меси веќе размислува за претстојното Светско првенство, а една од главните теми пред турнирот се однесува на неговиот долгогодишен пријател и ривал, Нејмар. Аргентинецот се осврна на шпекулациите за евентуалното отсуство на Нејмар од натпреварувањето.
Меси изрази надеж дека бразилската ѕвезда сепак ќе игра на најголемото фудбалско шоу во светот.
„Тешко ми е да бидам објективен на оваа тема, тој ми е пријател. Очигледно би сакал да оди и да му се случат добри работи затоа што го заслужува тоа“ – рече Нејмар.
Меси, исто така, ја нагласи важноста на елитните таленти на Светското првенство, особено играчите кои се способни да го променат текот на играта во секој момент.
„На Светското првенство, секогаш сакате да ги видите најдобрите играчи, а Нејмар, сè додека игра, секогаш ќе биде еден од нив“ – додаде тој.
Очекувањата на Меси за првенството
Иако неговиот настап за Аргентина сè уште не е официјално потврден, осумкратниот освојувач на „Златната топка“ звучи како да е ментално подготвен за уште едно Светско првенство.
Интервјуто даде увид во пријателството што Меси и Нејмар го изградиле низ годините.
Овие две суперѕвезди поминаа неколку незаборавни сезони заедно во Барселона, а подоцна повторно играа во истиот дрес во Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
