Падот е сериозен: Маркез мора на две операции

Падот што Марк Маркез го имаше на денешната спринт трка на патеката Ле Ман беше крајно сериозен, па шпанскиот мото-великан ќе мора што поскоро да замине „под нож“.

Како што информираат од неговиот тим, Маркез се здобил со скршеница на коска во стопалото, проблем што може да биде саниран само со хируршки зафат. Марк ризикувал возејќи на Ле Ман и покрај незгодната повреда на рамото, па во ситуација кога секако ќе мора да паузира поради повреда Шпанецот решил да замине и на втора операција, да го среди и проблемот со рамото.

Засега е сигурно само дека тој нема да вози утре на Ле Ман и ќе ја пропушти следната трка за ГН на Каталонија, но не се исклучува можноста шпанскиот мотоциклист да го очекува уште подолга пауза од патеките.

Се вчитува...