Динамо Загреб уште еднаш покажа зошто важи за најдобар тим во Хрватска откако лесно и рутински славеше на дербито со Хајдук со 2-0.
„Модрите“ играат импресивно во последните неколку месеци, тренд што го продолжија и на денешниот дуел во кој во ниту еден момент не му дозволија на гостинот да се понадева на позитивен резултат.
Шампионот поведе со 1-0 со голот на Бакрар во првото полувреме, на 2-0 во вториот дел зголеми Бељо, а домашниот тим не искористи уште неколку стопроцентни шанси со кои можеше да стигне до уште поубедлива победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
