Алкалоид ги освои бодовите во Кавадарци

Алкалоид прокнижи нови одови во ракометниот плејоф откако на гостински терен го совлада тимот на Тиквеш со резултат 23-30. Кавадарчани му се спротивставија на поквалитетниот противник во првото полувреме, но избраниците на Кире Лазаров во вториот дел влегоа во ритам, се одлепија резултатски и стигнаа до посакуваниот триумф.

Тиквеш отвори нешто подобро, поведе со 4-2 и со 6-4, но Алкалоид со четири гола во низа го сврте резултатот во своја полза (6-8 со голот на Тордарсон). Алкалоид имаше контрола до 8-11, Тиквеш одговори со серија од 3-0 и израмнување на 11-11, за со голот на Костески гостите од Скопје да заминат на одмор со водство од 11-12.

Клучната предност Алкалоид ја направи кога од 16-17 поведе со 16-20 со головите на Петковски (два) и на Борзаш, по што тимот на Кире Лазаров знаеше да го исконтролира резултатот до самиот крај и конечните плус седум.

Младиот голман Николовски имаше добар меч со девет одбрани за Алкалоид, најефикасни во победничкиот тим беа Борзаш со седум и Тордарсон со шест погодоци,

Се вчитува...