Ројевиќ: Пред охридската публика можеме да се носиме со секого

Стратегот на Охрид, Борис Ројевиќ, не го криеше задоволството откако неговиот тим успеа да слави во големото дерби со Вардар и да се врати на второто место на плејоф табелата.

Српскиот стратег откри дека советите и тактичките промени на полувремето биле клучни за резултатот да се смени во корист на охриѓани, потенцирајќи ја поддршката од трибините како многу значаен фактор за овој триумф.

„Прво сакам да му честитам на Вардар за заслужената титула. Исто така сакам да им честитам и на моите момци, кои во второто полувреме дадоа повеќе од максимум. Ова е нивна победа. Во првото полувреме ја немавме таа потребна енергија. На паузата се договоривме дека не можеме да играме на сто отсто, туку мора на двесте отсто и уште еднаш покажавме дека пред овие навивачи можеме да се носиме против секого. Сите сме среќни за првата победа над шампионот Вардар во нашата историја“, истакна Ројевиќ.

Се вчитува...