Гвардиола во елемент: Напред, Вест Хем!

Пеп Гвардиола беше видно расположен на прес-конференцијата откако неговиот тим славеше над Брентфорд со 3-0, враќајќи се во игра во трката за титулата.

„Уживам, апсолутно уживам во оваа трка за титулата, повторно да сум дел од неа. Не ужживав лани кога се боревме за влез во ЛШ, но сега се бориме за титулата и ќе бидеме најмалку втори, имаме трофеј од лига–купот, а ќе играме и финале од ФА Купот. Се е добро… Секако, не сме господари на сопствената судбина, но ние ќе дадеме се што зависи од нас за да славиме на преостанатите натпревар“, изјави Гвардиола.

Потоа, трофејниот стратег јавно им изрази поддршка на фудбалерите на Вест Хем, кои денеска го пречекуваат Арсенал и би можеле да му направат огромна услуга на Гвардиола доколку му откинат бодови на лидерот на табелата.

„Напред, Вест Хем“, со насмевка прокоментира Пеп на самиот крај од прес-конференцијата….

Се вчитува...