Супер-сензација: Прв пораз на Чимаев во УФЦ

Името на Шон Стрикленд ќе остане засекогаш запишано во историјата на УФЦ откако американскиот борец прв успеа да го победи Казмат Чимаев.

Легендарниот Чимаев имаше 15 победи во низа, но рано утрово мораше да му честита на Стрикленд на победата. Чимаев тргна моќно, Американецот за момент се најде на подот, но како што одминуваше времето Стрикленд возвраќаше со иста мера, па гледачите можеа да проследат фантастична борба.

На крајот, решија гласовите на судиите, па Шон Стрикленд стигна до историска победа (48-47, 48-47, 47-48).

Стрикленд сега има скор од 31 победи и 7 порази во УФЦ, додека Чимаев од денеска веќе не е непобедлив во овој спорт, со скор во кариерата од 15-1.

Се вчитува...