Клубот на Ѓоковиќ влезе во првата француска лига

Екипата на Ле Ман пред нецели две години се наоѓаше на работ на банкрот, кога бројни еминентни спортски имиња предводени од Новак Ѓоковиќ решија да инвестираат ппари и да го спасат овој клуб од колапс. Ле Ман еднаш прогласи банкрот во 2013 година, успеа да се врати во втората лига кога му се закануваше повторување на црното сценарио, но тоа се промени по инвестицијата на Ѓоковиќ, Тибо Куртоа, Кевин Магнусен, Фелипе Маса…

Резултатите експресно се кренаа на повисоко ниво, па Ле Ман синоќа прослави извонреден успех, обезбедувајќи влез во елитното француско друштво, камбек во елитата од каде овој клуб последен пат испадна во 2010 година.

Ле Ман ја победи Бастија со 0-2, резултат што беше доволен за огромно славје за овој тим, но и разочарување за тимот од Корзика, кој со овој пораз испадна од втората лига.

Се вчитува...