Милан имаше 0-3 по 50 минути – Навивачите го напуштија стадионот, па „миланезите“ дојдоа до 2-3 пораз од Аталанта (ВИДЕО)

Милан би можел да го загуби местото во Лигата на шампионите за следната сезона, по денешниот пораз од 2-3 во пресметката со Аталанта пред своите навивачи во Серија А.

Аталанта по само 50 минути игра имаше неверојатно водство од 0-3.

Едерсон во 9. минута и Запакоста во 27.минута донесоа предност од 0-2 за Аталанта, а потоа Распадори во 52.минута зголеми и на 0-3.

По тој гол, навивачите на „Сан Сиро“ почнаа да го напуштаат стадионот револтирани од случувањата на теренот.

Па, до крајот Милан, преку Павловиќ и Нкунку во последните минути успеа да дојде до пораз од 2-3.

Се вчитува...