„Фешта“ на „Камп Ноу“ – Барселона го „нокаутираше“ Реал за 29-та титула во Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона и официјално е нов шампион на Шпанија за сезоната 2025/26, обезбедувајќи си го трофејот на три кола до крајот на првенството, откако во „Ел Класико“ во 35. коло од Ла Лига славеше пред своите навивачи против Реал Мадрид со 2-0.

Каталонците имаа спектакуларно отворање на мечот со водство од 2-0 по само 18 минути игра. И тоа, до крајот, се покажа сосема доволно за триумф на Барселона.

Веќе во раната фаза од натпреварот, Маркус Рашфорд изведе слободен удар од категоријата „неодбранлив“.

Извонредна изведба, а Тибо Куртоа остана целосно немоќен. Публиката за момент замолкна, а потоа експлодираше.

А, веќе во 18. минута и Феран Торес стрелаше за водство и од 2-0.


На крајот сосема заслужена фешта на домашните фудбалери кои го добија и пехарот за сезоната 2025/26, и 29-та титула на Барселона во Ла Лига.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...