Синер фуриозно до осминафинале во Рим

Најдобриот тенисер на денешницата Јаник Синер продолжува со неверојатните партии сезонава на АТП мастерс турнирите од серијата 1000 каде што се уште нема доживеано пораз во 2026 година.

Италијанецот денеска на домашен терен во „Форо Италико“ во Рим славеше над Алексеј Попирин дозволувајќи му на Казахстанецот само два освоени гема во текот на целиот меч (6-2 и 6-0).

Во осминафиналето Синер ќе игра против својот сонародник Андреа Пелегрино.

Се вчитува...