Шпанската фудбалска репрезентација доби охрабрувачки информации пред почетокот на Светското првенство, бидејќи деталните прегледи не покажаа сериозна повреда на Нико Вилијамс.
Крилниот играч Нико Вилијамс ќе отсуствува околу три недели, што значи дека треба да биде подготвен за Светското првенство. Најголемиот страв во таборот на Атлетик Билбао и националниот тим беше поврзан со можното оштетување на тетивата, но магнетната резонанца ги отстрани тие сомнежи. Вилијамс ќе мора внимателно да помине низ процесот на закрепнување, но првите прогнози се многу оптимистички.
Селекторот Луис де ла Фуенте беше подготвен да го чека еден од клучните играчи дури и до вториот или третиот натпревар од групната фаза, но сега постои реална можност Вилијамс да настапи уште на првиот натпревар против Зеленортски острови на 15 јуни.
Алармот во шпанскиот тим се вклучи по натпреварот на Билбао против Валенсија, кога Вилијамс почувствува проблем со задната ложа. Сепак, дополнителните прегледи покажаа дека станува збор за повреда на мускулите на левата нога, која не би требало да има сериозни последици. Дури постои можност Вилијамс да почне да тренира со тимот веќе за време на подготовките во Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
