Абердин тргнува во мисија – враќање на Бојан Миовски!

Би можел Бојан Миовски идната сезона да го смени клубот, но не и државата. Македонскиот репрезентативец на крајот веројатно ќе заврши во друг клуб, откако неговиот сегашен Глазгов Ренџерс веќе ангажираше голгетер за следниот шампионат.

Затоа Миовски разгледува опции, а една од нив е враќање во Абердин. Сепак, се појавува проблем околу отштетата која Ренџерс би ја побарал. Тимот од Глазгов сака да врати добар дел од вложените 4 милиони фунти во него, окако го купи од Џирона, и затоа ќе бара приближно иста цифра.

Таа сума не може да си ја дозволи Абердин, па затоа ќе ја активира можноста да го земе на позајмица следната сезона, со тоа што би имале и право на откуп со исполнување на некои услови.

Претходно и Хартс покажа заинтересираност за услугите на македонскиот голгетер.

Се вчитува...