Адана го испрати Курталан на позајмица во третолигаш

Арда Курталан, напаѓачот на Адана Демирспор, за кој се „борат“ Албанија и Македонија, во следните шест месеци ќе настапува за турксиот третолигаш Карачабеј Беледије Спор. Адана донесе одлука да го испрати на позајмица во овој тим, со голед дека добиваше мала минутажа.

Курталан го привлече вниманието на македонската јавност, откако како член на Фенербахче, играше за Македонија до 21 година во јуни минатата година. Одигра четири натпревари, постигна два гола, главно пријателски натпревари. Но, Курталан шокираше откако се јави и на повикот на Албанија шест месеци потоа, и одигра еден натпревар за оваа селекција.

И натаму не е познато за која селекција ќе игра Курталан, но очигледно дека на клупски план има пад, со оглед дека од Фенербахче, за само една година стигна до третата турска лига каде допрва ќе треба да се докажува за да се наметне во Адана Демирспор, тим во кој со успех настапува Јован Манев кој тропа на вратата на сениорската репрезентација.

Се вчитува...