Адем со гол во 85. минута донесе триумф за „лавовите“ во дербито со „пандевци“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Македонија ЃП ја добија дерби-пресметката од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига славејќи со 1-0 против Академија Пандев со што ја продолжуваат активно битката за обезбедување европска сцена за себе и преку првенството.

Во драматичен меч со многу неизвесност „лавовите“ до победата дојдоа со голот од пенал на Ермедин Адем во 85. минута од натпреварот.

Македонија ЃП можеше и многу порано до предноста, но Сефер Емини уште во првото полувреме не реализираше удар од белата точка, а голманот на гостите Марко Јовановски беше одличен на голот спречувајќи во неколку наврати голови на домашните.


Пелистер ремизираше (1-1) со Тиквеш на дуелот во Битола. Кавадарчани поведоа со голот на Ристе Каракамишев уште во 6. мнинута, по прекин…

Но, Пелистер, исто така по прекин, израмни во 29. минута со голот на Драгарски.

Ренова и Струга ТЛ ги поделија исто така бодовите, ремизирајќи со 1-1. Џелил Абдула во 51. минута донесе предност за „гипсарите“, но Струга ТЛ израмни во 64. минута со евро-голот директно од слободен удар на Немања Босанчиќ.

Борец го победи Скопје со 1-0 со голот на Љума во 70. минута кој одлично продре и реализираше контранапад.

ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (прво полувреме)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 1-0

Адем 85′(п)

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ 1-1

Абдула 51′ – Босанчиќ 64′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 1-1

Драгарски 29′ – Каракамишев 6′

Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ 1-0

Љума 70′

ВЧЕРА

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-0

Дориев 55′(п)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 4-1

Ѓокиќ 15′, 48′(п), Стојанов 75′, Алтипармаковски 90′(п) – Адетунџи 29′

Се вчитува...