ЛЕГЕНДИТЕ ОСТАНУВААТ: МЗТ Скопје ја продолжи соработката со браќата Стојановски!

МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи соработката со Дамјан и Војдан Стојановски и за новата сезона.

Обновувањето на соработката со легендите на македонската кошарка беше еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата сезона. И истата е исполнета.

За капитенот Дамјан ова ќе биде 14-та сезона во сино-белиот дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. Пред Војдан, пак, е шестата сезона со „металците“, откако првпат се приклучи на почетокот на 2022 година.

„Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште една потврда на нашата клупска определба тимот да биде предводен од најквалитетните македонски кошаркари. Претходно, во клубот се врати репрезентативецот Лука Стојановски, а беше ангажиран и талентираниот босански интернационалец, Емир Крајиниќ“ – информираат од МЗТ Скопје.

Актуелен договор со МЗТ Скопје имаат уште Андреј Андоноски и Марин Петков, со што полека почнува пополнување на ростерот за предизвиците што го очекуваат тимот во домашните натпреварувања, АБА2 лигата и во – ФИБА Еврокупот.

Се вчитува...