По поразот од Аргентина на Светското првенство 2026, Египет би можел да се соочи со нови проблеми, а во центарот на вниманието е селекторот Хосам Хасан, на кого му се заканува сериозна казна од ФИФА.
Хасан е обвинет за навредување на службените лица на натпреварот, правење контроверзни гестови кон судиите и неодржување на дисциплината во својата техничка зона.
Дополнително, импресивен е и контроверзниот гест сo прекрстени раце подигнати во воздух.
А, што значат прекрстените раце!?
Египетскиот селектор Хосам Хасан ги прекрсти рацете во форма на буквата „X“, за што доби и жолт картон.
ФИФА го усвои тоа на Конгресот во 2024 година во Бангкок како дел од засилените мерки во борбата против расизам и дискриминација во фудбалот. Сепак, покажувањето на знакот X не значи автоматски прекин на натпреварот, туку активира процедура според која судијата ја проценува ситуацијата.
ФИФА смета дека немаше дискриминација на наведениот меч
ФИФА, сепак, смета дека немало никаква дискриминација на мечот, и покрај обидите на Египќаните да прикажат такво нешто.
Напротив. Се известува дека членовите на египетскиот стручен штаб постојано го напуштале просторот предвиден за клупата, додека еден член на стручниот штаб заработил директен црвен картон за своето однесување.
Светската фудбалска федерација моментално ги анализира извештаите на делегатите и судиската документација, по што ќе донесе одлука за евентуални дисциплински мерки.
Доколку се потврдат обвинувањата, Хосам Хасан би можел да се соочи со парична казна, но и суспензија што би го отстранила од клупата на Египет на следните репрезентативни натпревари.
Официјална одлука од ФИФА се очекува наредните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
