ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Импресивните бројки на Килијан Мбапе!

Килијан Мбапе е херојот на денот на Светското првенство 2026, со гол и со асистенција носејќи ја победата од 2-0 на Франција против Мароко и пласманот во полуфиналето на шампионатот. И сето тоа без разлика на промашениот пенал во првиот дел од мечот.

Мбапе е единствениот играч во последните 60 години кој учествувал во постигнувањето на најмалку 10 гола за време на две едноподруго светски првенство.

2022: 10 директни учества во гол (8 гола, 2 асистенции)
2026: 11 директни учества во гол (8 гола, 3 асистенции)

Тој, исто така, постигна осум победнички голови (голови за водство) на светските првенства, најмногу од сите фудбалери.

Исто така, со 11 партиципации во постигнат гол, тој се приближи до легендарниот Германец Герд Милер, рекордер на светските првенства кој имаше десет гола и 3 асистенции во 1970 година, односно беше одговорен за 13 гола.

Серијата неверојатни достигнувања на Мбапе продолжува, бидејќи тој стана првиот играч кој бил директно вклучен во 100 гола (64 гола, 36 асистенции) за француската репрезентација.

Се вчитува...