Голема трагедија по победата на Франција

Седумнаесетгодишно девојче го загуби животот во Оноа-Емери на северот од Франција, откако падна од камион за време на прославата на победата на француската репрезентација на Светското првенство.

Според првите информации, девојчето се качило на задниот дел од камионот-трактор, кој се движел без приколка, за да ја прослави победата.

Во еден момент, таа ја изгубила рамнотежата, паднала од возилото, а потоа била прегазена од камион.

Пожарникарите и екипите за итни случаи брзо пристигнале на местото на настанот, но можеле само да констатираат смрт на девојчето, кое подлегнало на тешките повреди.

На трагичниот настан присуствувале уште шест малолетници. На сите им е укажана медицинска помош, додека едно лице е пренесено во болница во Мобеж поради тежок шок.

Возачот на камионот е приведен и задржан во полициски притвор, додека е покрената истрага под сомнение за предизвикување смрт во сообраќај од небрежност.

Франција се квалификуваше за полуфиналето на Светското првенство, откако го победи Мароко со 2-0 во четвртфиналето на Светското првенство.

Се вчитува...