Адеми и Ристовски слават шампионска титула со Динамо Загреб

Динамо Загреб ја прегази Ријека со 5-1 во 33. коло од шампионатот на Хрватска и на три кола пред крајот на првенството си ја осигура шампионската титула.

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски извонредната сезона во дресот на „модрите“ ја крунисуваат со шампионски трофеј.

За Адеми ова е четврти едноподруго трофеј во Хрватска, а Ристовски по пристигнувањето од Спортинг Лисабон оваа зима веднаш ќе се радува на титулата. За Динамо Загреб ова е вкупно 22. шампионски трофеј во историјата.

Се вчитува...