Адеми инсистира на трансфер, оди во клуб што има двајца младински репрезентативци на Македонија

Аријан Адеми останува на желбата да си замине од Динамо Загреб до крајот на овој преоден рок, без оглед на решеноста на управата да го задржи македонскиот репрезентативец во своите редови. „Модрите“ вчера преку клупско соопштение најавија и дека се подготвени да му дадат нов договор на Адеми, но капитенот на Динамо делува решено да си замине и нема намера да прифати продолжување на соработката со клубот во кој ја мина речиси целата своја кариера.

Хрватските медиуми вечерва обелоденија и кој е клубот што ја имал најконкретната понуда до Адеми. Иако во игра беа тимови од најсилните лиги, се чини дека нашиот интернационалец е најблиску до трансфер во Турција, и тоа во тимот на Адана. Станува збор за амбициозен клуб на чија клупа седи Италијанецот Винченцо Монтела, кој впрочем и инсистира на доведувањето на капитенот на Динамо во оваа екипа. Адана моментно е шестопласирана во турското првенство, но со сериозни амбиции да се вмеша во борбата за највисок пласман, па се очекува преговорите да се интензивираат во наредните денови.

За Аданаспор веќе настапуваат двајца младински репрезентативци на Македонија, и тоа екс-фудбалерот на Брегалница, Јован Манев, како и Арда Окан Куртулан.

Се вчитува...