Адеми: Мурињо е роден победник, но и ние имаме свои предности

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми верува дека неговиот Динамо Загреб има мотив и сила да се надигрува со Тотенхем во осминафиналето од Лигата на Европа.

Според Адеми, менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, е роден победник, но Динамо има елементи во игра по кое е во предност пред англискиот состав.

„Очекуваме да се појавиме на терен со подигнати глави и да дадеме се на терен. Тотенхем е во Топ 3 тимови од Англија и очекуваме тешка задача затоа што опасноста доаѓа од сите страни. Мора сите да помагаме во одбраната. Не чувстуваме притисок. Ние сме мирни и свесни за опасноста која доаѓа. Наша предност е тоа што тие и немаат некои посебни сознанија за нас, но сигурен сум дека ќе се обидат да откријат затоа што Мурињо е роден победник“ – вели Адеми, притоа дополнувајќи:

„Секој натпревар си носи нешто свое. Во хрватската лига тоа е борбата за титулата, во Европа е битката за продолжување во следното коло. Ние ќе направиме се што е во наша моќ да го продолжиме престојот во Европа“.

Тотенхем во четврток од 21 часот го пречекува Динамо, а реваншот е седум дена подоцна во Загреб.

Се вчитува...