Адеми: Не сакам да ја оставам Македонија, се уште ќе играм за репрезентацијата

Фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми во интервју за хрватските медиуми говореше околу неговата иднина во дресот на репрезентацијата на Македонија.

Тој вели дека и покрај тоа што ги пропушти последните неколку собири, тој сака се уште да игра за Македонија…

„Одлучив да продолжам да играм за репрезентацијата. Сакам, можам и ќе го направам тоа. Зборував со селекторот, сака да бидам таму и таму ќе бидам. Тешко ми е да се простам затоа што таму е одлична група на луѓе, играме за својата земја, се пласиравме на последното ЕП, а сакаме тоа да го направиме уште еднаш, иако не сме во лесна група. Свесни сме дека нема да биде едноставно, но веќе ја победивме Германија, исто и Италија и немаме од кого да се плашиме. Знам дека Италијанците ќе бидат посебно мотивирани против нас затоа што ги исфрливме од Мундијалот, но и ние ќе бидеме мотивирани и веруваме дека можеме да оствариме уште една голема победа“, изјави Адеми.

Квалификациите за ЕП 2024 стартуваат во месец март.

Се вчитува...