Адеми по елиминацијата на Тотенхем: „Ова е нешто неверојатно, но можеме и уште повеќе!“

Аријан Адеми го запишува својот најголем клупски успех со Динамо Загреб по елиминацијата на лондонски Тотенхем и пласманот во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Адеми очекувано не ја криеше својата радост по големата победа на „Максимир“…

„Бевме одлични заслужено победувајќи. Веруваве во ова, иако во Лондон бевме во некој грч. Но токму таму сфативме дека можеме, и тоа она што постојано го спомнувам – оваа екипа е подготвена за големи нешта. Мислам дека и во првиот дел бевме подобри, малку недостасуваше среќа. А, што да се каже за Оршиќ. Секоја чест за тоа што го прави, и нему и на сите останати. Дадовме се од себе, ова е големо нешто за сите нас“ – изјави по натпреварот Адеми.

Македонскиот репрезентативец, сепак, дополнува дека ова не е максимумот на „модрите“.

„Но нема да застанеме на ова, можеме уште повеќе. Кој и да ни биде противник во четвртфиналето подготвени сме на се. Имаме тежок распоред и во хрватското првенство, не чека Горица но мора да покажеме и таму дека сме најдобри и да ја освоиме шампионската титула“ – вели Адеми.

Се вчитува...