Адеми поради повреда неизвесен за септемвриските квалификации

Еден од најдобрите македонски фудбалери Аријан Адеми е неизвесен за настап на септемврискиот квалификациски собир за пласман на СП 2022.

Како што информираше селекторот Благоја Милевски по контактите со Адеми, македонскиот репрезентативец се уште се жали на повредата на бутниот мускул поради која и не игра за Динамо Загреб.

„Адеми има повреда на бутниот мускул. Нема потреба да се трошат зборови за каков фудбалер се работи и колку е значаен за македонската репрезентација. До последно ќе го очекуваме да се приклучи ако ја надмине повредата на септемврискиот собир. Во постојан контакт сме посакувајќи и верувајќи дека ќе одигра до тогаш и барем еден натпревар за Динамо Загреб пред репрезентативниот собир“ – истакна селекторот Милевски.

Македонската репрезентација за квалификациите во септември првиот собир ќе го има на 29. август. Првиот натпревар против Ерменија се игра на 2. септември во Скопје, потоа следи гостувањето на Исланд на 5. септември и Романија ја пречекуваме на домашен терен на 8. септември.

Се вчитува...