Адеми стрелец Динамо З. финалист во купот на Хрватска

Динамо Загреб се пласираше во финалето од националниот куп на Хрватска откако во полуфиналето по продолженија славеше наде Горица со 4-1.

Аријан Адеми го постигна последниот четвртти гол на натпреварот во 119. минута. Претходно гостите уште на самиот старт поведоа со 0-1. На стартот на вториот дел Динамо преку Мишиќ израмни на 1-1. Наптреварот замина во продолженија каде се виде искуството на „модрите“. Јакиќ во 100. минута донесе водство од 2-1, а на 3-1 зголеми Мајер во 111.

Во финалето Динамо Загреб ќе игра со Осјек.

 

Се вчитува...