Агентот е упорен: Бејл летово не си оди од Мадрид

Герет Бејл и натаму е доволно добар за во Реал Мадрид, тој нема желба да замине, има уште две години од договорот, Зинедин Зидан едноставно не сака да игра со него. Ова на кракто е позицијата на агентот на Герет Бејл во моментов.

„Се разбира дека има интерес, но има многу малку клубови во светот што можат да си го дозволат. Огромна загуба е што тој не е стандардно во тимот на Реал Мадрид. И не, тој не сака да го „надживее“ Зинедин Зидан во Реал. Тренерот е многу успешен, но едноставно не сака да го користи. Герет тренира секој ден“ – вели Џонатан Барнет.

Зинедин Зидан при враќањето во Реал Мадрид наводно го поставил условот клубот да се ослободи од Герет Бејл и од Хамес Родригез. Сепак оваа мисија тешко се остварува пред се поради висината на трансферите на овие двјца играчи како и поради висината на неделната плата.

 

 

Се вчитува...