Агенцијата за млади и спорт со дополнителни средства ќе го поддржи „златниот“ Емил Павлов

Каратистот Емил Павлов, кој го освои златниот медал во Премиер-лигата во Москва, беше на прием во Агенцијата за млади и спорт. Тој во иднина ќе добие уште поголема поддршка од државата за да може да го развива својот спортски капацитет. Сите се надеваме дека Павлов ќе успее да обезбеди норма за учество на Олимписките игри во Токио. Каратето на овие Игри ќе биде еден од дополнителните спортови во олимпиското семејство.

Директорот Дарко Каевски на средбата со Павлов вети ддополнителни финансиски средства за Емил Павлов. Тој лани беше избран за најдобар спортист на Македонија за 2018 година.

Се вчитува...