Со гол во 89. минута македонскиот репрезентативец Агим Ибраими донесе бод за Кукс против Тирана во 28. коло од албанскиот шампионат.
Ибраими, кој беше стартер за својот тим, ги постави конечните 2-2 во 89. минута. За Тирана, пак, целиот натпревар го одиграа поранешните вардарци, Филип Најдовски и Кристијан Тошевски, а стрелец беше поранешниот македонски младински репрезентативец Таулант Сефери.
Ибраими, со овој гол, повторно се врати на врвот на листата на најдобрите стрелци во Албанија со вкупно 12 гола сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА