Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими ќе извршува уште една функција во редовите на албанскиот суперлигаш Партизани Тирани.
Ибраими, кој е член на Управниот одбор на ФФМ, веќе извесен период ја извршува директорската функција во Партизан.
Но, сега е именуван и за член на стручниот штаб на тимот, по отказот за досегашниот тренер Олтијон Кернаја.
Како што пренесуваат албанските медиуми, Ибраими всушност ќе го води тимот до крајот на сезоната, по што се очекува да биде именуван новиот шеф на стручен штаб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

