Агонијата на Давид Луиз продолжува: Надвор од терените уште еден месец

Дефанзивецот на Челси, Давид Луиз, ќе мора да паузира уште еден месец откако ги обнови повредите на скочниот зглоб и коленото. Повредата на коленото го измачува уште од минатата сезона, 30-годишниот Бразилец беше повреден од страна на напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, за време на пресметката на „Етихад“ во која „сините“ триумфираа со 3-1.

Ова е веќе трета пауза на дефанзивецот во изминатиов период. Од почетокот на 2018 година Луиз запиша севкупно три настапи во синиот дрес, додека пропушти 13 натпревари во текот на сезоната. Сега Конте останува ограничен со избор на дефанзивната линија за следните четири натпревари, реванш средбата против Барселона во Лигата на шампиони, четвртфиналниот дуел против Лестер во ФА Купот, гостувањето во Бурнемаут на 11. март, како и градското дерби против Тотенхем закажано за првиот ден од април месец.

Се вчитува...