Ајакс прави дрес во чест на Боб Марли (ФОТО)

Ајакс минатиот викенд скоро ја прослави титулата во холандскиот шампионат, а веќе ги подготвува и дресовите за следната сезона. Во прашање е третата гарнитура која ќе биде во чест на реге иконата Боб Марли.

Холандските медиуми објавија дека дресот ќе биде во црна боја, а дека три линии со боите на регето ќе бидат „омаж“ на легендата на оваа музика. Причината за ова е јасна, бидејќи навивачите на тимот од Амстердам со години на натпреварит на Ајакс го пеат големиот хит на Марли “Three little birds”.

 

Се вчитува...