Ајакс вчера стана шампион на Холандија по 36. пат во својата богата историја. Веднаш после обезбедувањето на титулата, следуваше големо славје во Амстердам. Така овој тим на најдобар можен начин се прости од тренерот Ерик тен Хаг кој од следната сезона ќе седи на клупата на Манчестер Јунајтед.
Тен Хаг во Амстердам донесе три титули, а го однесе тимот во полуфиналето во Лигата на шампионите во 2019 година, кога Ајакс беше несреќно поразен во финишот од Тотенхем. Претходно Ајакс ги елиминираше Реал Мадрид и Јувентус.
Сега дојде време за нова ера до Ајакс, a тимот од Амстердам продолжува со холандски тренер откако ја официјализираше соработката со Алфред Шредер. 49-годишникот „дома“ се враќа од редовите на белгиски Бриж со кој се наоѓа пред шампионска промоција. Воедно овој потег значи и враќање на Шредер во добро позната средина со оглед на тоа што беше помошник на Тен Хаг во 2018/19 кога Ајакс стигна меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите.
Welcome back, boss! #ForTheFuture ⚪️🔴⚪
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 12, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА