Ајде да се насмееме, ама не е за смеење: За младинските селекции и големиот „хендикеп“ во македонската кошарка! (ВИДЕО)

Гостин во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ едно од најголемите кошаркарски имиња во историјата на Македонија, Марјан Србиновски.

Предводникот на новиот амбициозен проект КК Соколи 1933 од Штип, поранешен македонски селектор и член на стручниот штаб од ЕП 2011 во Литванија, меѓу бројните теми се осврна и на ситуацијата во македонската младинска кошарка.

„Ако не почнеме радикални работи да направиме, да тргнеме да работиме, ама навистина да работиме, ние не треба да очекуваме ништо. Еве, од генерација до 18 години може да кажам дека имаме некои три-четири талентирани деца кои навистина се талентирани. Но, против било кој противник кога играме што сум гледал, еве и со Унгарија…., излегуваат децава наши, како да ви кажам, без едно мускулче. Значи ние на физика многу, многу заостануваме. Талентот е очигледен. Значи ние сме поталентирани од таа противничка екипа, тоа се гледа, но тие се посилни физички од нас, и вас тоа ве победува. Секако, има и други сегменти на играње, но не сакам сега толку да образложувам. Но, еден и прв сегмент за овие генерации, посебно, е физичката подготвеност. Кај нас се уште се мисли дека на 18 години не треба да се почне да се работи со тегови, да не случајно, да не не пораснат децата… Да се насмееме, ама не е за смеење!“ – вели Марјан Србиновски.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ТУКА…

Се вчитува...