Бред Гилберт го предупреди Хуан Карлос Фереро дека во неговото ново партнерство со Бен Шелтон, не смее да дозволи евентуалната желба да го победи поранешниот ученик Карлос Алкараз да го одведе во погрешна насока.
Фереро ќе започне нова фаза од својата тренерска кариера со Шелтон по емотивната разделба со Алкараз, со кого работеше со години и го водеше до најголемите успеси.
Гилберт, поранешниот тренер на Андре Агаси, верува дека ќе биде клучно за Шпанецот да го остави настрана односот со поранешниот играч.
„Една од главните работи за тренерите е да не ја сфаќаат лично целта да победат поранешен играч“, рече Гилберт кој нагласи дека фокусот мора да остане исклучиво на развојот на новиот играч.
„Поентата е да го тренирате вашиот играч да се подобри, а не лично да се вклучите во целата приказна.“
Гилберт објасни дека прекинувањето на претходната соработка лесно може да влијае на тренерот, особено ако се случило на непријатен начин.
„Ако сте отпуштени или отстранети, мора да работите со новиот играч за да го извлечете максимумот од него и да не мислите: „Боже, само сакам да го победам Алкараз“.
За толку голема цел, додава тој, потребно е да имате играч чии квалитети навистина можат да претставуваат проблем за Алкараз.
„Ви треба играч со одредени вештини кој може да биде реална опција за нешто такво“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
