ВТА и се извини на Џесика Пегула откако нејзиниот приватен разговор со тренерот Марк Ноулс за време на тренингот заврши во пренос во живо, а Американката ја нарече руската тенсерка Мира Андрејева „премногу дива“, критикувајќи го нејзиното однесување.
ВТА призна дека играчите и тренерите не биле доволно јасно информирани дека микрофоните за време на тренингот во Индијан Велс ги снимале нивните разговори.
„Жалиме што не ја исполнивме нашата обврска да обезбедиме играчите и тренерите да бидат правилно информирани“, се вели во соопштението на WTA.
Претставникот на Пегула истакна дека Американката немала поим дека она што го зборува може да го чуе јавноста.
„Џесика апсолутно немала поим дека нејзиниот разговор со Марк се емитува во живо и сигурно не очекувала приватната дискусија за време на тренингот да стане јавна“.
По тренингот со Андреева, Пегула многу отворено зборуваше за однесувањето на младата Русинка.
„Секогаш беше многу фина кон мене, но ја изгубив почитта што ја имав кон неа. Мислам дека е добра девојка, но е многу дива, без контрола. Треба да научи да остане скромна“, рече Пегула.
Особено ја вознемири однесувањето на Андреева кон тренерот за време на тренингот, откако Русинката победи во четири едноподруго гема.
„Не победив во ниту еден проклет натпревар, ти водиш со 4-:0 и си груба кон тренерот и фрлаш топки кон него… Тоа е непочитување.“
Во исто време, Пегула зборуваше со пофалби за тениските квалитети на Андреева, но го спореди нејзиниот менталитет со Коко Гоф.
„Многу е интересно кога ќе ја погледнете, а потоа ќе го видите менталитетот на Коко. Да го имаше менталитетот на Коко, ќе беше подобра од неа.“
Ноулс се согласи со таа проценка:
„Дефинитивно.“
По инцидентот, WTA ги отстрани сите претходно објавени снимки од тренингот од турнирот од својот YouTube канал.
“Pegula” trying to talk about mentality about GS champion Mirra Andreeva?😹 https://t.co/wgyOyL8E9r
— tm🇿🇼🏴 (@tmlfcc) November 4, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
