Тренерот на Милан, Рубен Аморим, не ги поштеди од критики своите фудбалери по поразот од Ференцварот во Лигата на Европа. „Росонерите“ загубија со 2:0 и тоа пред своите гледачи, ова беше трет пораз во четирите кола.
„Не постои никакво објаснување, Немам што да кажам, посебно за првото полувреме. Не паметам да сме играле вака лошо како во првиот дел. Станува збор за амбиција, концентрација, желба… Пропуштавме шанси за гол, а делевме подароци. Вечерва не бевме подготвени за фудбал“, изјави Аморим.
Тој порача дека неговите играчи не се ментално подготвени да играат на два фронта.
„Не бевме подготвени да бидеме конкурентни на два фронта, Серија А и Лигата на Европа. Мораме да поработиме на тоа и на пристапот кон натпреварите. Немаме оправдување за тоа што се случи вечерва. Обично имам што да кажам во одбрана на екипата, но овој пат тоа не е случај. Мораме да сфатиме што се случи“, вели Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
