Грците убедливо поразени пред дуелот со Македонија

Ракометната репрезентација на Шведска со убедливи 33:24 ја совлада Грција во првото коло од квалификациите за ЕП 2028. Натпреварот се играше во рамки на групата Б каде е и Македонија, а токму селекцијата на Грција е следен противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, а натпреварот ќе се игра за три дена

Швеѓаните во целост ја оправдаа фаворитската улога, водеа од првата па се до последната минута. Веќе во десеттата минута беше 6:2 за фаворитот кој на одмор замина со предност од 18:13.

Во вториот дел, конечниот удар за Грците беше зададен со мини серијата од 4:0 на Шведска со која поведе со 29:20. На крајот беше 33:24. Лагергрен со седум гола беше најдобар кај Шведска, додека Боскос на спротивната страна даде осум гола.

Фаворитската улога ја оправдаа и Унгарија која со 32:21 ја совлада Црна Гора, Србија со 39:18 ја декласира Естонија, Норвешка и даде 40 гола на Грузија (40:23). .

Се вчитува...