Тензично е во Наполи: Хојлунг контра Алегри по дебаклот во ЛШ

Ситуацијата во редовите на Наполи е хаотична по новата бламажа, убедливиот пораз од 4:1 од Порто во Лигата на шампионите, играчите се свртеа против тренерот Масимилијано Алгери, кој се поизвесно е дека ќе добие отказ.

Последен кој јавно го прозва Алегри е напаѓачот Расмус Хојлуд кој не се сложи со оценката на тренерот дека екипата изгледала добро иако загубија со 4:1.

Наполи во Порто го доживеа третиот пораз во првите четири кола во Лигата на шампионите и со само три освоени бодови, моментно не е меѓу 24-те екипи кои обезбедуваат пласман во следната рунда.

Алегри по натпреварот изјави дека неговиот тим играл добро 70-тина минути, по што следеше пад кој го искористи Порто за да дојде до убедлив триумф. Според него, причина за поразот се заморот и големиот број на повредени фудбалери.

Но, Хојлуд има поинакво мислење.

„Алегри рече дека нашата игра беше добра? Не се согласувам со него. Не игравме добро, мораме да даваме повеќе голови. Мораме да престанеме со поразите. Сите мораме да се погледнеме во огледало, не само тренерот и играчите, туку и клубот. Сите мораме да ја преземеме одговорноста“, изјави Хојлунд.

Според весникот „Ил матино“, претседателот Аурелио де Лаурентис, ќе го чека исходот од неделниот натпревар против Лацио во Серија А пред да донесе одлука за судбината на Алегри.

Се вчитува...