Гаштаров: Не го потценивме противникот, на секој натпревар влегуваме како да играме против Реал

Екипата на Црвена звезда дури во четвртото коло во Лигата на конференции успеа да дојде до првиот триумф и тоа со пресврт против тимот од Андора, Интер Ескалдес.

„Црвено-белите“ славеа со 2:1 и тоа со гол постигнат во судиското продолжение, а целиот натпревар за српскиот шампион го одигра македонскиот репрезентативец, Матеј Гаштаров.

„Не го потценивме противникот. Во секој натпревар влегуваме како да играме против Реал Мадрид. Ова беше тежок натпревар, останавме со играч помалку, но продолживме да го имаме поседот на топката и да играме како што ние сакаме и на крајот дојдовме до победата.

Македонскиот репрезентативец вели дека немало паника кај неговите соиграчи иако гостите од Андора имаа водство до 80-та минута.

„Немаше паника, продолживме да играме во ист ритам и го баравме тој прв гол за да го свртиме натпреварот и успеавме во тоа“, вели Гаштаров кој нема проблем да игра на било која позиција ќе му ја одреди тренерот Алберт Риера.

„Нормално, сега имам и како штопер. Не ми пречи тоа и било кога позиција да ја одреди тренерот, јас ќе излезам на теренот и ќе играм.

Се вчитува...