Динамо Загреб го сруши Сандерленд, Јувентус сигурен во Алкмар (ВИДЕО)

Екипата на Динамо Загреб приреди големо изненадување во четвртото коло во Лигата на Европа со победата од 2:0 на гостувањето кај Сандерленд.

Ова е втора победа за хрватскиот шампион во првите четири кола и со седум бода, е само три бода од осмото место на табелата.

Sunderland 0-[1] Dinamo Zagreb – Luka Stojkovic 22′
by
u/xggq in
soccer

„Модрите“ одиграа одлично прво полувреме во кое ги решија дилемите околу победникот.

 

Sunderland 0-[2] Dinamo Zagreb – Dion Drena Beljo 39′
by
u/xggq in
soccer

Изненадувањето на „стадионот на светлоста“ го најави Лука Стојковиќ во 22-та минута со одличниот гол. По изведениот корнер, топката дојде до Стојковиќ кој со гради ја смири и потоа со одличен шут ја затресе мрежата на премиерлигашот.

Во 39-та минута, Дион Дрена Бељо со гол ја круниса акцијата која започна од голманот Котарски.

AZ Alkmaar 0-[1] Juventus – Teun Koopmeiners 19′
by
u/xggq in
soccer

Сигурен триумф на гости оствари и Јувентус и тоа со 2:1 против АЗ Алкмар.

 

AZ Alkmaar 0-[2] Juventus – Kolo Muani 37′
by
u/xggq in
soccer

И „старата дама“ како и Динамо, работата ја заврши во второто полувреме. Прво во 19-та минута Копмајнерс го отвори резултатот, а во во 37-та минута Коло Муани зголеми на 2:0. Во вториот дел, АЗ Алкмар успеа само да го ублажи поразот.

Бенфика го задржа максималниот учинок откако пред своите гледачи со 3:1 го победи Лех. Торенсе со два гола во последните минути од мечот со 3:2 го совлада Арарат.

Резултати: АЗ Алкмар – Јувентус 1:2, Баер Л. – Олимпик Марсеј 0:1, Бенфика – Лех 3:1, Селта Унион Сен Жил 1:2, Селтик – Бешикташ 3:2, Хапоел Бер Шива – Офи 0:2, Штурм – Целје 2:3, Сандерленд – Динамо Загреб 0:2, Торенсе – Арарат 3:2.

Се вчитува...