Норвешкиот тенисер Каспер Руд обезбеди пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако вечерва со 6:3, 6:3 го совлада Јан Ленард Штруф од Германија.
Во првиот сет, на Руд му беше доволен само еден брејк кој го направи во петтиот гем и потоа со сигурен сервис ја задржа предноста за водство од 1:0.
Во вториот сет, 23-от тенисер на АТП ранг-листата беше уште подобар, двапати го одзеде сервисот на Штруф за 6:3 во гемови и пласман меѓу осуммината најдобри.
Во четвртфиналето, Руд ќе игра против Боргер кој беше подобар од Бусе во два сета (6:0,6:2).
Последен четвртфиналист е Американецот Тејлор Фриц кој исто така во два сета и тоа со 6:3,6:4 беше подобар од Артур Фис.
Фриц во четвртфиналето ќе игра против Карлос Алкараз.
Во останатите два четвртфинални дуели ќе играат Ван Аш – Хиџиката и Шелтон – Пол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
