Лугано ја решета мрежата на Кауно, Алиоски меѓу стрелците

Екипата на Лугано продолжува со добрите игри во Лигата на конференции и вечерва по само 30-тина минути игра има убедливи 3:0 против Кауно Жалгирис, а голем удел има и македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски.

Алиоски е дел од првиот тим на Лугано и во 24-та минута го постигна својот прв гол за швајцарскиот тим во европските купови. Лугано со голот на Алиоски поведе со 2:0.

Ова воедно е втор гол за Алиоски во дресот на Лугано сезонава, претходно погоди во мечот од швајцарскиот куп против Пули.

Се вчитува...