Кошаркарите на Барселона го совладаа Хапоел Тел Авив со 90:93 во натпреварот од десеттото коло во Евролигата.
Ова е четврта победа во низа за Барселона која сега има учинок од седум победи и три порази по десет кола.
По израмнетото прво полувреме, Барселона во третата четвртина го направи одлучувачкиот потег, направи серија од 16:0 и од негативата 60:53 поведе со 60:69.
Во финишот Хапоел ја врати резултатската неизвесност со серијата 10:2 за 90:91 на 30 секунди до крајот. Но, Бризуела кој беше најефикасен кај Барселона, на пет секунди до крајот постигна поени за триумф на каталонскиот тим.
Бризуела со 22 и Робинсон со 20 постигнати поени беа најпрецизни кај Барселона, додека кај Хапоел се истакнаа Брајант со 23 и Мициќ со 21 поен.
Сигурен настап пред своите навивачи имаше Фенербахче кој со 84:65 ја победи Басконија. Ова беше седми триумф за Фенербахче и има само една победа помалку од лидерот Панатинаикос, додека второпласираниот Олимпијакос својот натпревар од десеттото коло ќе го игра утре против Црвена звезда.
Фенербахче дилемите околу победникот ги разреши во првото полуврене кое го доби со 20 поени разлика (52:32).
Хортон-Такер со 19 поени беше најефикасен кај турскиот тим, додека Симонс и Стјуарт постигнаа по 12 поени за Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
