Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути за Аталанта во ремито против Каират во четвтото коло во Лигата на конференции.
Италијанскиот тим беше на прагот на пораз, губеше со 0:1 до 82-та минута, по што Крстовиќ успеа да погоди за 1:1.
Претходно, Каират поведе со 0:1 во 53-та минута со голот на Марк Гуал.
Екипата на Црвена звезда со гол во судиското продолжение успеа да дојде до првата победа во Лигата на конференции и тоа против тим од Андора. „Црвено-белите“ на стадионот „Рајко Митиќ“ со 2:1 го совладаа Интер Ескалдес, и тоа со пресврт.
Гостите од Андора поведоа во 62-та минута со голот на Арељано.
Во финишот, „црвено-белите“ прво преку Лучиќ во 80-та минута израмнија на 1:1, а во втората минута од судиското продолжение со автоголот на Дијаз дојдоа до првата победа во Лигата на конференции.
Македонскиот репрезентативец, Матеј Гаштаров го одигра целиот натпревар за Црвена звезда.
Хрватскиот претставник во Лигата на конференции, Хајдук Сплит загуби со 1:0 на гостувањето во Гибралтар кај Линколн.
Резултати: Архус – Брага 0:0, Аталанта – Каират 1:1, Црвена звезда – Интер Ескалдес 2:1, КупС – Гент 0:0, Линколн – Хајдук 1:0, Митјиланд – Ајакс 1:6, Мјалби – Борац 2:0, Тун – Хартс 3:1, Трабзонспор – Фрајбург 0:1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
