Фудбалерите на Милан доживеаја нов разочарувачки пораз во Лигата на Европа, овој пат од унгарскиот Ференцварош со 0:2.
Ова беше втор пораз за „росонерите“ на вториот натпревар на „Сан Сиро“, и трет во четирите кола во Лигата на Европа.
По четири кола, седумкратниот европски шампион има само три бода, додека Ференцварош е лидер на табелата со максимални 12 бодови.
Изненадувањето го најави Џозеф во 52-та минута.
AC Milan 0-[1] Ferencvaros – Lenny Joseph 52′
by
u/xggq in
soccer
Истиот играч, 14 минути подоцна повторно ги шокира домашните фанови на „Сан Сиро“.
AC Milan 0-[2] Ferencvaros – Lenny Joseph 66′
by u/xggq in soccer
Во финишот, Деле доби црвен картон, но „росонерите“ не успеаја да ја искористат предноста од играч повеќе и да се спасат од пораз.
За разлика од Милан кој не знае да победи пред своите гледачи, НЕК Нијмеген со 3:1 ја совлада Омонија и тоа со пресврт. Кипарскиот тим по првиот дел имаше водство од 0:1, но НЕК во вториот дел постигна три гола и ја забележа втората победа во Лигата на Европа.
Прво Линсен израмни на 1:1 во 50-та минута, за Бишоф и повторно Линсен да дадат два гола за две минути за триумф на НЕК.
Андерлехт со 2:0 го совлада Салзбург, додека Борнмут со триумфот од 3:1 на гости кај Спарта Прага му се приклучи на Ференцварош на лидерската позиција на табелата.
Екипата на Левски чиј член е македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов, со 1:0 ја совлада Јагиелонија.
Резултати: Милан – Ференцварош 0:2, Андерлехт – Салзбург 2:0, Кристал Палас – Хофенхајм 1:1, Левски – Јагиелонија 1:0, Лилестром – Плзењ 0:1, НЕК Нијмеген – Омонија 3:1, Реал Сосиедад – Олимпик Лион 1:1, Спарта Прага – Борнмут 1:1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
