Црвена звезда избегна срам во Конференциската лига, иако дури и оваа победа на мускули против Интер Ескалдес од Андора не е баш за пофалба на црвено-белите.
Се доби впечаток дека претставникот на Андора е на еднакво ниво со милионскиот тим на белграѓани. Црвен картон за Александар Катаи, неколку промашени шутеви од гостите, пред сè од Суле, и несреќно испуштена предност за Андорците во финишот.
А, Црвена Звезда и тоа како има да ја анализира својата игра под водство на Ријера, чија тактика се уште не може да ја разберат навивачите на белграѓани. Чудниот систем сè уште не ја освои публиката, пред играчите има многу различни улоги и задачи и не изгледа дека повеќето од нив го прават тоа како што треба.
Но, српските медиуми во денешните свои текстови издвојуваат дека ако нешто треба да се издвои тогаш тоа е македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров…
„Сепак, мора да се признае дека Шпанецот нема проблем да ги турка децата во оган. Резултатите може да страдаат, но на долг рок треба да има придобивки. Младите момци беа предвесници на синоќешниот пресврт, Матеј Гаштаров и Владимир Лучиќ, светлите точки во триумфот од 2-1“ – пишуваат Србите, продолжувајќи со бројни пофали за Македонецот кој ги освои срцата и на навивачите.
„Гаштаров го „ора“ теренот. Повторно почна како стопер, на моменти беше и лев бек, па и последен играч за врска, а кога го бркаше резултатот, сè беше на коцка, и во самиот напад. Овој 19-годишник од Скопје се етаблираше во првиот тим веднаш по доаѓањето на Ријера и во изминатите два месеци го одигра речиси секој натпревар. Дополнително, за првпат доби повик од селекторот на Македонија, па играше и за нашите јужни соседи на сите четири натпревари во Лигата на нации“.
„Секако, сега играм и како стопер. Не ми пречи која и да е позиција што ќе ми ја даде тренерот, ќе играм на неа. Се чувствувам одлично“, вели Гаштаров.
„Не е секогаш одлично, Гаштаров имаше некои проблеми на првите два натпревари од Конференциската лига, но се чини дека вреди да се издржи. Дури и во такви ситуации, тој не паѓа, покажува карактер и продолжува понатаму. Игра без страв од грешка, конкретно и насочено напред. Тој не се двоуми да почне да дрибла, понекогаш изгледа малку несмасно, но почесто многу ефикасно. Секако подобро отколку да биде алиби играч, само да не биде виновен“ – пишува и „Б92“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА