Приказна за Роналдо која никој не ја знае: „Тој требаше да игра за нас!“

Кристијано Роналдо ја одбележа историјата на португалскиот фудбал, но малку е познато дека поради неговите семејни корени, можел да има сосема поинаков репрезентативен пат.

Роналдо стана икона на португалскиот и светскиот фудбал, но на почетокот на неговата кариера, неговиот фудбалски пат можел да биде сосема поинаков.

По збогувањето на Роналдо со репрезентацијата, се појави приказна која со години беше криена од јавноста. Како што пишуваат некои португалски медиуми, Португалија можела да биде без Роналдо додека тој сè уште бил малолетен.

Имено, една од неговите прабаби од таткова страна, Изабел Роса да Пиедаде, е родена на Зеленортските острови, поточно на островот Сао Висенте.

 

Таа живеела таму до 16 години, кога се преселила на Мадеира, каде подоцна основала семејство. Токму на Мадеира е роден Кристијано Роналдо во 1985 година. Поради тие семејни врски, Роналдо имал можност да аплицира за државјанство на Зеленортските острови, што би му го отворило патот да ја претставува африканската нација.

Од таа земја се обиделе со сите средства да го убедат Роналдо да игра за нивната репрезентацијата до 17 години.

„Требаше да игра за нас, имаше 16 години кога разговаравме на таа тема“, соопштија од Фудбалската асоцијација на Зеленортските острови.

Сепак, такво сценарио никогаш не се оствари. Роналдо ја избра Португалија, за чија сениорска репрезентација дебитираше на 20 август 2003 година во натпревар против Казахстан.

Интересно е што оваа семејна врска повторно привлече внимание од јавноста во 2008 година, кога Роналдо ја освои првата Златна топка. Во тоа време, имаше голем ентузијазам во Зеленортските острови поради фактот што една од најголемите светски фудбалски ѕвезди има корени од нивната земја.

Се вчитува...