Во групата А, вниманието го привлекува дуелот меѓу Феникс 2010 и Ангели, со кој во петок ќе биде отворено колото.
Лидерот на табелата има четири победи од исто толку одиграни натпревари и ќе сака да ја продолжи успешната серија. Ангели, пак, по трите порази во досегашниот дел од сезоната, ќе се обиде да приреди изненадување и да стигне до вториот триумф.
Во недела, Мега баскет ќе биде домаќин на Црн Дрим. Прилепчани имаат три победи и еден пораз и се меѓу најуспешните екипи во групата, додека гостите досега забележаа една победа и три порази.
Интересна пресметка се очекува и во Скопје, каде што ИБА Скопје ќе го пречека Младинец. Домашниот состав има две победи и два порази, а гостите сè уште ја бараат првата победа во првенството.
Последниот натпревар од групата А ќе се одигра во понеделник, кога Водно Санс ќе се соочи со Борец баскет.
Двете екипи се наоѓаат во горниот дел од табелата и имаат позитивен биланс. Водно Санс со три победи и еден пораз ќе се обиде да остане во чекор со водечкиот Феникс 2010, додека Борец баскет, кој има две победи и два порази, ќе бара нов значаен триумф.
Во групата Б, лидерот Гостивар ќе биде слободен во ова коло, па вниманието ќе биде насочено кон Вардар, кој има максимален ефект од три победи и ќе се обиде да продолжи со добрите настапи на домашен терен против Охрид. Гостите досега остварија две победи и два порази, што најавува интересна пресметка во Скопје.
Во Гевгелија, истоимената екипа ќе го пречека Тетекс ТТК. Двата состави сè уште се без победа во досегашниот тек од првенството, па меѓусебниот дуел претставува можност за први бодови на победничкото конто и излез од долниот дел на табелата.
Во недела, Бутел ќе биде домаќин на Овче Поле. Домашниот состав има една победа и два порази, додека гостите се на половичен учинок од две победи и два порази. Тоа ја прави оваа средба значајна за двата тима во обидот да се доближат до водечките позиции.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА
ГРУПА А – ДВОЈКИ 5.КОЛО (6.НОЕМВРИ (ПЕТОК))
15.30: Феникс 201 – Ангели
Спортска сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5tuUmLd1AgU?si=taCEXc6fnNZMoIwv
8.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
12.00: Мега баскет – Црн Дрим
Спортска сала „Добре Јовановски“ – Прилеп“
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Hk2rXyE00lE?si=zZ0mi3gMOukGdgsj
14.00: ИБА Скопје – Младинец
Спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/HsNSmyvrFsk?si=kio4j6AtO7jYnzE0
9.НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
20.00: Водно Санс – Борец баскет
Спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/em7vyE9B8Cs?si=DoOpTJSs-DZsipFe
ТАБЕЛА: Феникс 2010 4-0, Водно Санс 3-1, Мега баскет 3-1, Борец баскет 2-2, ИБА Скопје 2-2, Ангели 1-3, Црн Дрим 1-3, Младинец 0-4;
ГРУПА Б (7.НОЕМВРИ (САБОТА))
15.30: Гевгелија – Тетекс ТТК
Спортска сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/A77mwuWgf4Y?si=QeSRh-HpSORHresw
17.00: Вардар – Охрид
Спортска сала на КК „Вардар“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Qo_Bm1ajrbw?si=i2QB56RZ6DMYYRb3
8.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)
16.00: Бутел – Овче Поле
Спортска сала „Илија Хаџи Николов“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/yeMpSjE8oMU?si=vzCCXaILfjHNxnxw
Гостивар – слободен
ТАБЕЛА: Гостивар 4-0, Вардар 3-0, Овче Поле 2-2, Охрид 2-2, Бутел 1-2, Гевгелија 0-3, Тетекс ТТК 0-3;
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
